Кажете да на третманите со чоколадна масажа

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Чоколадото претставува новиот спасител на кожата.

Последниве години актуелни се спа третманите кои го вклучуваат чоколадото како главна состојка за нега на кожата.

Високото ниво на кофеин во чоколадото ја стимулира циркулацијата, а со самото тоа ја подмладува и регенерира кожата.

Антиоксидансите делуваат длабински на кожата и овозможуваат заштита од слободните радикали, кои го предизвикуваат стареењето на кожата и губењето на нејзината еластичност.

Природното масло кое го содржи какаото најчесто се комбинира со други етерични масла за масажа, како сончогледовото и маслиновото кои длабински делуваат на кожата на телото и ѝ ја даваат потребна влажност.

Чоколадната масажа може да се употребува на секој дел од телото и се препорачува за оние кои имаат сува кожа.
Со помош на антиоксидантите кои ги содржи ова масло, кожата останува хидратизирана долго време по масажата.

Доколку сакате да се разгалите со ваков тип на уникатна масажа која ќе ги разбуди сите сетила закажете го вашиот третман во салонот за нега и убавина Полена во Скопје.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот