Да се биде родител е прекрасно, но и многу одговорно. Штом ќе дојде бебето, чиниш цел свет се променил во еден ден. Вие ќе бидете среќни и возбудени, а во исто време збунети и исплашени.
Штом дознаат партнерите дека очекуваат бебе, нив низ глава им проаѓаат многу прашања:
- Ќе можеме ли да се снајдеме?
- Како ќе знаеме што му е потребно на бебето?
- Дали ќе бидам добар родител?
- Што сака да ми каже бебето кога плаче?
Сите овие прашања се сосема во ред да си ги поставувате, бидејќи колку повеќе се прашувате толку повеќе се грижите и размислувате.
Не се грижете, ќе ги добиете одговорите во моментот кога бебето ќе се најде во вашите раце. Во меѓувреме, ние ќе ви посочиме на неколку работи за кои веруваме дека ќе ви појдат од рака.
Што подобро ги разберете децата, толку полесно ќе ги задоволите неговите потреби. Потрудете се да откриете што е тоа што го сака вашето дете, какви се неговите чувства и мисли. Опсипете го со внимание и внимавајте на сите негови реакции.
Запознајте се меѓусебно со бебето. Бебињата го гледаат вашето лице, вашиот израз, движењата и вашиот глас. На основа на вашите движења тоа ве запознава и ве проучува. За брзо време тоа ќе може да препознае како се чувствувате во одреден момент. Трудете се пред него да изгледате смирено и говорете полека, разбирливо.
Нема да лажеме, ќе има моменти кога ќе бидете уморни, нервозни, исплашени. Ќе имате чувство дека со денови не сте спиеле или пак дека сте се запоставиле самите себе. Но, не се обвинувајте, тоа е сосема нормално. Поразговарајте со партнерот, кажете ги на глас своите мисли и ќе ви биде полесно. Пред детето, не покажувајте знаци на нервоза.
Родителството се однесува на двата родители
Иако, на почетокот уште додека е многу мало, присуството на мајката е задолжително, а таткото може да се појавува одвреме навреме и тоа да нема никакви последици кон бебето, сепак е погрешно. Бебето кое има двајца родители, треба уште на почетокот да ги запознава истовремено. Присуството на таткото е неопходно и за бебето и за мајката. Таа навечер нема да спие, понекогаш ќе биде нервозна, можеби ќе има болки при доење, па татковци вие тука настапувате. Треба да бидете внимателни кон мајката и секој момент кога ќе бидете во можност да ја замените во домот, направете го тоа. Среќната мајка ќе биде подобар сопатник и подобра мајка.
Секој момент искористете го и дружете се со вашето дете. Тоа е она што него најмногу му е потребно: чиста пелена, храна и љубов од родителите. Не е многу, зар не?
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.