Хотел во Осло нуди цел кат за жените кои патуваат сами

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Еден норвешки хотел е првиот во светот кој има уникатна понуда за сите соло дами. Имено, норвешкиот хотел Гранд, баш оној во кој престојуваат добитниците на Нобелова награда има пренаменето цел еден кат со тринаесет соби за сите жени кои таму отседнуваат сами.

hotel23 (1)

Секоја соба е со различен дизајн, дамите на располагање имаат подлога за јога вежби, пилатес топки, спа центар, бањи каде може бесплатно да користат производи за нега на лицето, телото и косата и посебно мени со нискокалорична храна.

hotel23 (1)

На оваа идеја дошол еден од хотелските менаџери откако утврдил дека се повеќе жени престојуваат во хотелите сами, службено или приватно.

hotel23 (4)

Во овие соби може да преспијат и припадници на посилниот пол секако ако сакаат да лежат на цветна постелнина и да уживаат во разубавување и консумирање на немасна храна.

hotel23 (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот