260 години од раѓањето на Моцарт

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

На 27 јануари 1756 година во Салцбург е роден Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела кој се смета за еден од најголемите композитори на европска класична музика. Тој создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела за различни соло инструменти, особено за пијано. Иако бил малку ценет за време на неговиот животен век, големина на Моцарт била признаена многу години по неговата смрт.

Починал на 5 декември 1791 година, а бил погребан во заедничката гробница за сиромашни без последна почит од пријатели и блиски луѓе. Покрај ковчегот чекорело само неговото куче.

Моцарт напишал дури 179 композиции, а негови најпознати се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.