Десерт на кој не може да одолеете: торта шејк

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ако сте љубители на слатки и напитоци кои изобилуваат со секакви слатки додатоци како чоколади, бомбони, шлаг и што уште не, тогаш дефинитивно ова место треба да го посетите или во најмала рака да се обидете да ги припремите овие рецепти дома.

Изминатата година светските кафулиња и познатите места за шејкови, дојдоа до рецептот на крофна-шејк, па потоа и нутела-суши шејк со превкусен крем на кои не може да се одолее.

Но, денешниот рецепт и место кое го споделуваме со сите љубители на слатките напитоци е торта-шејк и ни доаѓа од њујоршкиот бар Black Tap NYC.

Барот подогтвува огромни чаши со вкусни, ладни напитоци односно милкшејк со парчиња од колачи, бомбони, шлаг, овошје и најразлични слатки и гумени бомбони. Орео, кекси, лижавчиња и што уште не. Оваа слатка „бомба“ е вистински хит во барот, а токму по торта-шејкот барот стана и толку познат во Њјујорк.

Десертот може да се обидете да го подготвите и сами:
Подгответе вкусен, чоколаден шејк и ставете го во голема чаша, а потоа додадете ги вашите омилени слатки, кекси и се што ви се допаѓа.
Додајте прелив од топено чоколадо што пред тоа ќе го подготвите на минимална температура.
Потоа може да седнете и да уживате, сигуно ќе ви треба повеќе време за да изедете се.

За поголема инспирација погледнете ги овие фотографии со торта-шејк кој стана вистински хит.







При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.