Чевли кои ги преживеаја сите модни трендови – класика која се уште се носи

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Чевлите се важен дел од плакарот на секоја жена. Тие имаат посебно место во нивниот дом. Жените имаат неколку модели чевли кои ги чуваат како светиот грал и се грижат на посебен начин за нив. Тие чевли имаат име – класика. Нешто со кое се согласуваат модните дизајнери и блогерки.

Покрај удобноста, од голема важност е да се одбере вистинскиот модел на чевли, бидејќи тие имаат моќ да го трансформираат и најмонотониот аутфит во нешто посебно.

Кои се чевлите кои успеаја ги преживеат сите модни трендови и сè уште доминираат меѓу вистинските љубители и познавачи на добриот стил…

Gucci Jordan мокасините

Луксузните мокасини претставуваат синоним за џет сет и холивудски гламур. Откако стапи на функцијата креативен директор на Гучи, Алесандро Мишел реши да го редизајнира моделот, но одлучи да задржи доза класика.

Chanel slingback чевли во две нијанси

Првата која ги креираше овие чевли беше Коко Шанел во 1957 година, за подоцна креативниот директор на Шанел, Карл Лагерфелд да ги претстави во ново руво, во својата колекција есен/зима 2015.

Christian Louboutin Pigalle салонки

Името го добиле по парискиот кварт Pigalle, местото каде што е сниман филмот Мулен Руж. Овие чевли се еден од најпознатите модели на дизајнерот, кој веќе има култен статус што се однесува до чевлите.

Со шилест врв и штикла висока 12 см, чевлите продолжуваат да ги воодушевуваат дамите во светот на модата и пошироко. Модел кој ја издолжува ногата. Кејт Мос е една од жените кои поседуваат ваков пар чевли, пишува elle.rs

Chloé Susanna чизми

Француската модна куќа Chloé ги креираше култните Susanna, кои ги лансираше на модните писти во 2008 година. И после 8 години, тие се уште се едни од најбараните на пазарот, а се омилени обувки на Сиена Милер и Кејт Босворт.

Balenciaga Ceinture чизми

Фантастичен модел на кој ретко која жена може да му одолее. Дизајнирани од страна на оваа париска куќа, од тогашниот креативен директор Николас Чезкуере, а претставени во рамките на пролет/лето колекцијата 2011 година/

 

Manolo Blahnik Hangisi салонки

Откако Кери Бредшо во „Сексот и градот“ ги одбра наместо веренички прстен, Hangisi салонките беа барани си брзина на светлината. Исто така, тоа што е познато е дека Оливија Палерми го обра токму овој модел за свадбената церемонија во 2014 година.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот