15 работи кои треба да ги направите за незаборавно лето

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Во лето се лудува, се забавува, се прават нови спомени кои никогаш нема да ги заборавите. Но, за жал одморот мора да заврши некогаш, но тоа не значи дека треба и забавата. Затоа, ви предлагаме листа на активности кои би биле забавни за вас ова лето откако ќе се вратите од плажа.

1.Гледајте некој стар филм, класика која ќе ја направи вечерта во вашиот двор романтична под ѕвезди

2.Правете балони од пена, како на времето кога бевме деца..

3.Играјте ластик или која било друга игра од детските години

4.Направете замок во песокот

5.Одете во Луна парк, јадете шеќерна волна и пирошка со сирење

6.Почнете да пишувате дневник, ама навистина да го напишете

7.Качете се на дрво и јадете овошје директно од него

8.Направете сангрија, исечкајте овошје и викнете друштво

9.Можете и скара да направите

10.Пијте маргарита од голема чаша со многу цевки

11.Ставете ќебе на трева и перница-направете си излет

12.Гледајте како заоѓа сонцето на некое фантастично место во уште поубаво друштво

13.Јадете со раце

14.Прочитајте некое романче за во лето

15.Трчајте боси на дождот

Што и да направите од овие работи, верувајте ќе се почувствувате посебно.

Пробајте – лето е!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.