Меморијата на еден човек е секогаш интересна за проучување. Таа понекогаш знае да си поигрува со нас. Меморијата собира детални настани од нашето детство, но не секогаш ни дозволува пристап до нив. И се разбира, одредени фактори можат да влијаат на нашата меморија и да ја променат.
Одредени слики ја менуваат меморијата
Преправаните слики можат да ги извртат вашите сеќавања на минатото. Според испитувања од италијански психијатри каде се употребени преправани слики од вистински настани, добиен е интересен заклучок. На пример, една слика од немири во Рим каде дигитално се додадени маскирани демонстранти предизвикала извртување на сеќавањата на луѓето, кои се сеќавале на повеќе насилство одошто навистина се случило. Други причини кои предизвикуваат оштетувања на вистинските сеќавања се консумирањето на наркотици и алкохол.
Лошите настани имаат појасна слика во нашата меморија
Потресните настани имаат трајно влијание во споредба со еднообразните искуства кои најчесто не се паметат долго. И нашите сеќавања за настаните кои предизвикале лошо сеќавање се попрецизни наместо сеќавањата од повеселите настани. Тоа е затоа што мозокот се обидува да се фокусира на специфичните детали. Заборавањето на лошите сеќавања е можно, но потребни се многу обиди. Ако успее, вашиот мозок прво ќе ги негира сите сензорни аспекти на сеќавањето пред да го избрише вистинското сеќавање. Но, од еволуциона гледна точка, има смисла зошто трауматичните сеќавања имаат долг век на траење. Преживувањето на видовите е помогнато од способноста за паметење на заканувачките ситуации и нивно избегнување кога ќе се случат повторно.
Меморијата старее заедно со нас
Делумно поради намалување на функциите на хипофизата, постарите лица имаат проблеми со епизодните сеќавања. Ова пречи и при потсетување на живите сеќавања – тоа што е видено, слушнато или почувствувано при претходен настан. И бидејќи ги користиме истите делови од мозокот и за замислување и за сеќавање, постарите лица не само што се „заборавени“ туку имаат и проблеми при замислување на хипотетички ситуации. Но, некои постари луѓе го одложуваат опаѓањето на меморијата со одржување на активни социјални животи и едноставно сe цврсто уверени дека сеќавањето добро ги служи.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот