Американците не се познати по балансирањето помеѓу работата и приватниот живот. Повеќе се ориентирани на работните часови, барајќи инспирација за тој баланс кај Европјаните. Но, тој проблем може да се реши и ако го послушате невропсихијатрот др. Robert Sapolsky, кој во последниве 30 години го поминал изучувајќи го универзалниот човечки процес на стрес.
Но, изненадувачки е фактот дека главни субјекти за ова истражување му биле дивите бабуни во Кенија. А уште поизненадувачки факт од овој е што тој наидол на многу малку разлики меѓу овие животни и луѓето. Освен една многу важна разлика: Ние повеќе сме под стрес и од повеќе причини.
Прочитајте како да ја разберете зависноста од стрес и како да се преброди тој проблем.
Дефиниција за стрес
Во 2004 година, Sapolsky издаде книга која многу добро е прифатена од читачката публика, под името „Зошто зебрите не добиваат чир“ („Why Zebras Don’t Get Ulcers”). Во оваа книга, докторот ги употребува зебрите како субјект за компарација за да покаже како луѓето поинаку го доживуваат стресот од останатите примати. Тој стресот го дефинира како „било што од надворешниот свет што ве исфрла од вашиот внатрешен баланс“. „На пример,“ вели тој, „Вие сте зебра и сте нападнати од лав. Лавот рипнал врз вас и ви ја распарчил утробата… Под ова мислам на Вашиот внатрешен баланс.“ „По овој драстичен случај на дисбаланс, по 3 минути поминати во терор и врескање , зебрата го враќа чувството на баланс, а тоа е затоа што или е мртва или избегала од лавот.
Зошто зебрите полесно се справуваат од нас луѓето
Луѓето не се способни толку брзо да го повратат својот баланс. Докторот, како причина за ова, го наведува фактот дека „луѓето, за разлика од останатите примати, тие се подложни на стрес само и од мисла, која е на исто ниво со стресот кој зебрата го доживува при напад од лав.“
„Ние не мора да бидеме во директна опасност за да бидеме под стрес. Доволно е да мислиме дека сме во некаква опасност и го доживуваме истиот стрес како тој на зебрата кога се бори за живот.“
Зошто стресот нè разболува
Кога доцниме на состанок, имаме некаков краен рок, кога не се согласуваме со пријател или правиме нешто што ни предизвикува некаков стрес – да бидеме искрени – ние веќе хронично реагираме на стресот.Sapolsky вели дека таа е причината зошто се разболуваме – хроничниот стрес води кон неколку различни болести, сексуална и невролошка нефункционалност. Кај децата, хроничниот стрес може да го успори растот на потребните хормони за правилен развој.
Како да се справите со стресот
Не се грижете, луѓето не се комплетно проколнат вид. Според Sapolsky, се што ви треба за превенција на стрес е некаков издувен вентил, од носно хоби или пријател пред кого ќе се олесните. Тој вели дека и самата помисла дека немате некаков начин да се ослободите од стресот , Вие создавате уште поголем стрес и ги интерпретирате работите многу полошо бидејќи нема кој да Ви каже поинаку.
Затоа, што заклучивме? Уживајте во времето поминато со пријателите. Не се грижете за работи како кирија и работа цело време. Најдобар начин да се погрижите стресот да не ви го наруши здравјето е да се забавувате со пријателите.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот