Зошто е важно мажите да знаат да танцуваат

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Машкиот танц во последниве години многу малку се цени, се смета дека тоа е нешто кое е наменето за латиноамериканците, за плачковците и за оние кај кои мачо страната е потисната.

Но, тоа голема заблуда во која живее светот.

Зошто познавањето на танцот за мажите е важно? Затоа што тоа е момент кога можете да се покажате во целост како мажи да оставите впечаток кој никој нема да го надмине.

Можеби танц културата не е како порано, нема драма во движењата(освен ако не сакате да ја додадете). Денес во клубовите се танцува постојано, односно тоа е дел од општата култура.

Често пати луѓето, посебно мажите се стегнати во однос на ова бидејќи сметаат дека не знаат да танцуваат добро, се срамат и слично.

Но факт е дека треба да се танцува постојано оти само така ќе станете се подобри.

А од каде занете и дека не ве бива? Дали некогаш сте се опуштиле во целост и сте виделе како танцувате? Веројатно одговорот на најголем дел би бил ‘не’

Танцот се однесува на слободата на движење, тоа израз на телото кој кажува многу.

Жената се чувствува како вистинска дама кога ја држите за време на танцот

Сензуалноста доминира, а вие губите чувство за време и сте понесени од ритамот.

Во минатото, танцот бил единствениот начин на кој се запознавале момците и девојките.

Галантноста ја покажувале токму преку танцот. Начинот на кој ќе ја покани, како ќе танцуваат, движењата и целиот говор на тело.

Затоа никогаш не го потценувајте танцот на мажите. Тоа е заборавена дисциплина која треба да се врати целосно во мода, посебно на вечерните излегувања и состаноци со девојка.

Заведете ја без да и кажете ниту еден збор, направете да не може да да ве заборави.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот