Знаете ли кој е најголемиот здравствен проблем кај жените?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Голем дел од светското население има вишок килограми. И иако многумина дебелината не ја сметаат за проблем, таа е всушност исклучително опасна и мора да се преземе нешто за да се спречи.

Многумина и денес се водат од правилото дека „здравјето доаѓа преку устата“, без да внимаваат колку храна внесуваат во организмот, на разновидноста на исхраната и слично.

Ова е една од причините што во Англија проблемот со дебелината е прогласен за национален проблем и се става во иста категорија со пандемијата на грип, дури и со тероризмот, бидејќи преголемата дебелина доведува до смртност.

Испитувачите се фокусирале на жените, каде што 51% од нив имаат проблеми со дебелината, рак на јајниците, ја зеле в предвид менопаузата и слично. Тие заклучиле дека сепак најраспространет е проблемот со дебелината – 56% од жените на возраст од 35-44 години и дури 64% од жените на возраст од 45-54 години влегле во групата премногу дебели.

Еден од големите проблеми на дебелината е помала можност за забременување, поголема можност за спонтан абортус, но и за предвремено породување. Во овој случај не само што го ризикуваат својот, туку го ризикуваат и животот на своето бебе. Тие тврдат дека старото верување дека жената во бременоста треба да јаде за двајца е неточна.

Интересно е тоа што жените кои се дебели најчесто имаат и дебели деца – едно од пет петгодишници и едно од три десетгодишници се подебели од нормалното.

Проблемот во Британија е всушност глобален проблем. Токму затоа мора да внимавате на сопственото здравје, на храната што ја внесувате, обидете се да пешачите, да вежбате, да водите здрав живот без премногу мрсна, слатка и калорична храна. Сето ова ќе допринесе за подобрување на вашето здравје, но и на здравјето на вашите деца и на семејните навики.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот