Жени, оваа облека мажите ја обожаваат на вас

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Женската и машката визија за облеката се разликува, а факт кој сите ќе го признаеме е дека машкиот вкус е отпорен на новите модни трендови. Има некои парчиња облека кои тие едноставно ги обожаваат и сакаат да ги видат вас, што се потврдило со една студија спроведена неодамна.

Здолниште кое ја следи линијата на телото или пенкало здолниште

Наспроти широко распространетото мислење дека мажите се заљубени во мини здолништа, сепак 60 проценти од мажите преферираат здолништа кои ја следат линијата на телото односно го исцртуваат подетално. Висината треба да биде 10 цм над колена, што е сосема доволно за откривање на нозете, а сепак изгледа неверојатно привлечно.

Бела поткошула или маичка на прерамки

Ова едноставно парче облека е една од најсекси работите кои мажите можат да ги видат кај партнерките. Тоа е ставот на секој четврт маж.

Чорапи со чипка

Точно дека намената на овие чорапи е да биде секси, факт со кој се согласуваат 87 % од испитаните мажи.

Тренерки и кратки маици за вежбање

Гардеробата за вежбање исто така влегува на листата на посакувана облека. Иако жените секогаш мислат дека на мажите им се привлечни само во средено издание, сепак овој спортски изглед има две предности: изгледа како да не сте се труделе премногу, а втората е дека му дава убав изглед на телото.

Безвременскиот црвен фустан

Секако дека на листата има и фустан. Можеби е клише, но верувајте дека мажите ја сакаат оваа боја кај жените. 71% од нив велат дека ја обожаваат оваа боја кај партнерките.

Кошула

Практичен и лежерен дел од облеката за жените, а неодолов за мажите.

Облека со отворен грб

Без разлика дали станува збор за фустан или блуза, мажите не можат да одолеат на отворен грб, односно мистичноста која ја носи во себе оваа облека. Дури 87% изјавиле дека е една од најпривлечните работи кај жените.

Високи потпетици

Се рабира дека без нив не може. Тие ја истакнуваат женственоста, затоа 91 % рекле дека жена без високи потпетици е исто како да оди боса.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.