Се храните здраво, не јадете доцна навечер, но сепак не може да гo намалите вишокот на килограми па дури и зголемувате килограм повеќе.
Тогаш можно е да ги правите следните грешки…
Се фокусирате на една група намирници
Диетите со внесување на мало количество на јаглехидрати или маснотии се многу популарни, но изоставањето на важна група намирници или пак внесување на одредени, не помага во стратегијата за намалување на килограми.
Стручните лица велат дека ваквата исхрана често завршува со прејадување.
Исфрлање на јаглехидрати од исхраната повремено може да придонесе за намалување на килограмите, но тоа е само повремено.
Од друга страна , внесувањето на здрави масти е корисно за здравјето и го заситува организмот, така што нивното исфрлање од исхраната не ни прави услуга . Идеалната исхрана треба да е разновидна без никакви рестрикции.
Поделба на храната на добра и лоша
Се чувствувате добро кога јадете салата од спанаќ и лошо кога јадете колач. Ваквиот начин на размислување може само да предизвика поголема желба за јадење. Универзитетот во Торонто направи интересно истражување.
Стручните лица ја мереа тежината на неколку испитаници и притоа им додаваа плус 5 килограми. Испитаниците кои чувствуваа грижа на совест при консумирање на „лоши“ намирници, по мерењето повторно се враќаа на нездравите навики и прекумерното внесување на храна, додека оние кои не ја делат храната на добра и лоша и не ги бројат калориите, нормално ја продолжија својата диета.
Броење на калории
Намалување на килограмите не е само одземање и собирање.
Исто како и фокусирање на одредена група намирници и броењето е стратегија што во 95% од случаите не успева.
Тоа е заради внесот на одреден број на калории нашиот организам се изгладнува, а метаболизмот станува побавен и ги согорува мускулите наместо масните наслаги.
Секој ден јадете исти оброци
Овесни снегулки за појадок, салата и пилешко наместо за ручек, а вечерата нека биде од брокули!
Лимитираното и еднолично мени не е добро за здравјето.
Тешко е да се контролира гладта, ситоста и шеќерот во крвта бидејќи секогаш чувствуваме потреба за храна што не ја внесуваме во организмот.
По ваквиот начин на исхрана следува период на прејадување и одново добивање додатни килограми.
Купувате и јадете само здрави намирници
Неодамнешно истражување покажа дека брендираните здрави, фитнес намириници и нивниот „здраво“ спакуван производ, влиаје на зголемена потрошувачка на производот. На пример купуваме некој грицки и го јадеме целиот производ без никаква грижа на совест само поради тоа што сме уверени дека производот е здрав. На овој начин може да го прескокнеме вежбањето планирано за денеска, само поради тоа што мислиме дека сме јаделе храна чии калории не се штетни.
Сето ова влијае на стратегијата за губење на килограмите.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.