Започна месецот на розовата панделка и активностите за поддршка на Pink October

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Со цел да се крене свесноста од ризикот за рак на дојка, месец октомври е означен како Розовиот месец и е посветен на жените и нивното здравје. Ова е период кога се прават поголеми напори за едукација што вклучуваат рана идентификација, знаци и симптоми.

Се вклучуваат илјадници организации низ светот со иста цел, потенцирање на важноста од свесност, образование и истражување на оваа тема.

Во октомври 1983 година за првпат е одржана Race for the Cure трката во Далас, Тексас на која што учествувале 800 луѓе. Според организаторите, во 2002 година бројката на учесници достигнува до 1.3 милиони, а настанот е одржан во повеќе од 100 американски градови и во неколку други делови од светот.

Поддршката е многу важна за лицата кои се борат со болеста. Секоја земја во светот на различен начин се вклучува и нуди можност на своите граѓани да ја изразат поддршката.

Македонија, исто така секоја година се вклучува во кампањата. Изминатиот викенд на „Школка“ во Градски парк Скопје, здружението „Борка“ по 11-ти пат го организираше розовиот марш за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка. Статистиката покажува дек во Македонија, во последните 10 години бројот на заболени е двојно зголемен.

Инаку, розовата панделка е симболот на светската кампања веќе 34 години, почнувајќи од 1985 година.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот