Забавата може да почне!

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Предновогодишните забави се најочекуваните, всушност тоа е една од причините заради кои го сакаме декември.

Петок, 30 декември, денот кога Вие ќе ја имате главната улога на подиумот. Почнува забавата на Heineken во дискотека PARK!

А на овие забави секогаш има многу изненадувања, затоа не го пропуштајте најглавното и најголемото бидејќи за него ќе се зборува долго потоа.

Сета празнична магија, еуфорија, блескави светла нè тера да бидеме насмеани, расположени и да ја сакаме забавата.

Токму затоа, ве носиме во најмагичниот град кој секогаш има што да понуди – Охрид. А таму се наоѓаме во Mr.I, кој овојпат ве кани на одлични забави.

Посакајте си сè најубаво заедно со Вашите пријатели во новогодишната атмосфера на Mr.I.

Денот пред Нова Година, на 31 декември од 14:00 до 20:00 часот Mr.I повторно мисли на Вас…Зошто? За да влезете среќни и расположени во Новата 2017 Година. На оваа маратонска журка за супер расположение ќе се погрижат “Само Тони и две жени“ кои ќе ве ‘загреат’ за она што следи – Новогодишната ноќ во дискотека PARK!

Но, забавите нема да застанат утрото на први, туку продолжуваат и следниот ден повторно во Mr.I. Новата 2017 година заслужува да почне како што треба.

Незаборавниот помин и новите пријатели кои ги стекнавте за време на новогодишната ноќ во дискотека PARK поканете ги следниот ден на евоцирање спомени – целодневна журка во Mr.I на 1 јануари со почеток во 14:00 часот па сè до доцните часови, заедно со дуото BIONDA, како и со DjGec и Dj Face.

Бидете дел од дневните новогодишни прослави воMr.I.

Не заборавајте дека влезот во Mr.I за сите забави е БЕСПЛАТЕН, затоа резервирајте на време.

Кога станува збор за забава, секогаш е добро да имате избор повеќе – на 31.12 дискотека PARK организира богата програма.

Влезете во Новата година со незаборавните EX-YU и MAK ХИТОВИ заедно со Александар Тарабунов, кои ќе ја направат вашата вечер весела и незаборавна. Почетокот е во 21:00 часот.

На 01.01.2017 следува изненадување и екстра забава со неповторливата ANABELLA (Funky G) со почеток 22:00 часот.

Зачекорете во новата година со многу стил, забава и насмевки на лицето.

СРЕЌНА НОВА 2017 ГОДИНА!

*Блок билет за двете вечери е 600 денари до 25 декември. Истиотод 25 декември и на врата ќе изнесува 800 денари.
**Билетите можете да ги набавите на телефонските броеви или дирекно да ги побарате во Lounge bar Mr.I

РЕЗЕРВАЦИИ И ИНФО:070 30 70 20 и 070 37 70 08

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот