За вистинските фанови на Two and a Half Men - цитати од серијата

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Серијата “Two and a Half Men” почна да се емитува во септември, 2003 година на американската телевизија CBS. Траеше 12 сезони и заврши во февруари, 2015 година.

Во оригиналниот кастинг беа Charlie Sheen, Jon Cryer и Angus T. Jones, а во 2011 година на Charlie Sheen договорот му беше прекинат заради проблемите со зависности кои тој ги имаше.

На негово место дојде Ashton Kutcher, но сепак останаа запаметени репликите на незаменливиот Шин.

526456739-the-cast-of-two-and-a-half-men-have-changed-a-lot-since-2003-jpeg-225414__1467495634_92.53.30.200

Ние ве потсетуваме на некои од нив:

1.

Алан: Чарли имам проблем. Како да излезам од несреќна и безизлезна врска?

Чарли: Да го знаев тоа, ти немаше се уште да живееш овде.

2.

Џејк: Можеби има СПБ

Чарли: Што?

Џејк: Тоа значи “сексуално пренослива болест”.

Чарли: Знам што значи СПБ

Алан: Чичко ти помогна да се измислат.

3.

Чарли: Деца не се дозволени во мојата куќа

Џејк: Јас сум дете.

Чарли: Тебе не те гледам како дете. Повеќе те сметам како џуџе што испушта гасови.

4.

Чарли: Начинот на кој ја џвакаш храната, влакната во ушите и твојата адреса.

Алан:Тоа престана да биде смешно пред две недели.

Чарли: Судија?

Берта: Уште е смешно.

5.

Чарли:Жените, пиењето – вие мене ме сметате за површна личност.Но, не ги гледате годините тешка и посветена работа на тоа да станам среќен дечко во чекор денес.

6.

Чарли:(кон Џејк) Алкохолот е за луѓе кои можат да си дозволат да изгубат малку мозок.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.