За љубов никогаш не е доцна

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Во една своја книга, Фредерик Бегбеде сакаше да нè убеди дека љубовта трае три години. Би сакала да го демантирам и да му докажам дека љубовта, онаа искрената, вистинската, единствената, онаа која се случува еднаш во животот, онаа која е нашиот најважен судбински настан трае цел живот, ја запишуваме со насмевки, ја раскажуваме со сјај во очите.

И за љубов никогаш не е доцна. Нема возраст во животот во која прегратките не ни се потребни. Напротив, како што старееме, прегратките ни стануваат се попотребни.

Никогаш не е доцна за бакнеж за добра ноќ. За разговор во топлиот дом со оној наш посебен човек кој слуша, разбира, со поглед милува.

И сакам на сите да ви се случи по една таква љубов. Безвременска. Моќна. Посебна. Љубов која ќе ве научи дека никогаш не сте стари за прегратки во јавност, држење за рака и на педесет години, танцување на сред улица, бркање по сокачиња додека ве држат нозете, флертувачки погледи додека внуците си играат покрај вас… Љубов која ќе ви покаже дека токму нејзината кулминација е во зрелото доба, кога заедно сте поминале низ сито и решето, кога заедно сте се смееле, но, и плачеле. Љубов поради која секој ден сте станувале сѐ посилни и поборбени…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.