Сите понекогаш запаѓаме во монотонија и сивило кога во прашање се боите на нашите алишта. Но, оваа сезона се се движи околу силните бои. Затоа, бидете храбра и покажете ја својата нијанса. Или бидете есктремно храбра и вашата нијанса искомбинирајте ја со друга нијанса за која мислевте дека е невозможно да се искомбинира со ништо друго освен со сиво или црно.
Па еве кои комбинации на бои за вашиот стајлинг се актуелни оваа сезона.
Портокалова и виолетова боја
Колку и да ви звучи оваа комбинација на бои како невозможна, сепак со одбирањето на вистинските нијанси, вие ќе изгледате шик!
Сина и розова боја
Оваа комбинација не е наменете само за малите девојчиња кои носат розова маичка и сини фармерки, туку и за сите оние дами кои признаваат дека детето во нив сè уште сака да се забавува.
Маслинесто зелена и бела
Оваа комбинација на бои одговара на секој тен и на која било боја на коса или очи. Бидејќи не е многу нападна може да ја носите за секоја прилика.
Жолта и камел боја
Идеална комбинација за дамите кои сакаар да бидат женствени и тренди. Комбинација на бои која потполно асоцира на пролет.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот