Секој од нас сака да биде во среќна врска исполнета со љубов која ќе трае. Но дали постои универзално правило односно дали има некоја тајна формула за тоа? Веројатно одговорот би бил дека нема, но има неколку работи кои се карактеристични за сите среќни парови кои успеале да опстојат и покрај сè. Ако разговарате со вашите пријатели кои се во долга врска што завршила со брак, или не мора со брак може и со заеднички живот под еден покрив, сигурно ќе ви кажат како тиа двајца успеале да опстојат со години во среќна врска. Во ваквите разговори секогаш на прво место е љубовта, веднаш потоа компромисот и сите останати причини кои следат. Точно дека не постои универзално правило, но постои меѓусебната поврзаност меѓу двајца луѓе која е основа за цврста и среќна врска.
Важно е да останете љубезни еден кон друг. Секогаш да имате убав збор да си кажете, дури и во најтешките времиња и најголемите проблеми. Не е потребно да знаете сè еден за друг или пак да се преправате дека знаете во секој момент што ќе каже другиот. Не! Бидете релаксирани. Нека ве води моментот.
Бидете среќни се заради среќата на партнерот. Во една врска не може секогаш во исто време да се случуваат работите. Можеби ќе се случи кај едниот од вас некоја промена што ќе предизвика среќа, а заради тоа ќе предизвика среќа и кај другиот во врската. Ако на лицето се чита радост, тогаш тоа треба да биде доволно за партнерот. Ова секако не значи дека нема да имате заеднички моменти на среќа, туку тоа ќе биде само надополнување на вашиот заеднички живот.
Останете свои во заедничкиот живот. Ова е една од најважните работи кога станува збор за одржување на долга врска(брак) која е исполнета со љубов. Тоа што животот е заеднички и се дели сè, не значи дека и личноста треба да биде поделена и да се изгуби. Сосема е во ред да се задржат индивуадуланите интереси, хобиа, спортски активности и слично. Тоа е дел од личноста со која сте решиле да бидете или решила да биде со вас.
Знаете, прекинот на врската не е секогаш заради тоа што љубовта исчезнала. Најчесто, љубовта се уште е тука, но не е доволна причина за двајца луѓе да останат заедно. Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога после прекин на врска или брак во друг случај, се сретнувате со човекот со кој сте делеле сè и имате некое чувство на разиграност во стомакот, а не станува збор за носталгија? Сигурно ќе има позитивни одговори на ова.
Љубовта не може да исчезне. Може да смени форма, а дали ќе има друг живот во таа форма, дали ќе има шанса да се покаже, останува на нас да одлучиме.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.