Во кои нијанси се вљубени Французинките?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Постојат парчиња облека и модни додатоци кои потсетуваат на убаво облечените жени од Франција.

Ако барем малку го проанализирате нивниот стил и начин на облекување, ќе сфатите дека Французинките се заљубени во неколку комбинации на бои.

Најчесто, станува збор за основни парчиња облека како маички, кошули, панталони и класични фустани во црвено-бело или црвено-црна комбинација која секогаш изгледа софистицирано и по малку ретро.

Доколку сакате да изгледате како типична Французинка, тогаш дозволете во вашиот плакар да преовладуваат нијансите на црвено, белата и црната боја, сивата и светлосината боја. Иако оваа кмбинација на бои на моменти може да ви делува како стереотип за француските жени или пак монотона, сепак тие важат за едни од најмодерните жени кои секогаш го покажуваат најдоброто кога стилот и модата се во прашање.

Па, украдете по нешто од Французинките! Носете парчиња облека во црвена, бела, сина или црна боја, маичи со пругаст дезен (кој патем, и ова лето е хит), заврзете марама околу вратот и доловете шик изглед по француска мерка!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот