Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е еден од најплтените тенисери на светот. Меѓу неговите колеги секогаш кружат приказни дека сака да ужива во луксузот, па тоа не е различно ни кога е во прашање неговиот дом.
Всушност, на брегот на Циришкото езеро, каде што живее со сопругата Мирка и нивните четири деца, Роџер изградил луксузна вила којашто според проценките на експертите чини околу 6.5 милиони фунти.
Ова прекрасно здание е ремек дело на најдобрите швајцарски архитекти, а карактеристични за вилата се огромните прозорци и големите тераси со поглед на езерото.
Вилата е сместена на околу 20 минути од Цирих и на еден час возење од Базел, во општината Волеро, која е позната како една со најниски даноци во Европа.
Покрај Федерер, во овој крај живеат и Ф1 возачите Кими Раиконен и Фелипе Маса.
Погледнете го видеото и видете како изгледа преубавата вила на Федерер.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот