Дојран е уште град во Македонија кој што последните години е се поинтересна и посакувана дестинација за летување. Се наоѓа југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро и е поделен е на два дела, Стар и Нов Дојран.
Стар Дојран брои околу 800 жители, Нов Дојран приближно 1200 жители во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град.
Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро. Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата медитеранска клима која се карактеризира со топли и суви лета и свежи, влажни зими.
За Дојран постојат многу легенди и преданија. Една од нив вели дека местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. По неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во неа. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но девојката не го сакала. Така еден ден отишла да ги наполни стомните сo вода од едно изворче. Но, тогаш Осламискиот бег ја забележал и потрчал по неа Но таа не го сакала и не сакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’.
Доколку се двоумите која да биде дестинацијата на вашето патување за викендов - одберете Дојран и Дојранско езеро. Уживајте во боите кои природата ги нуди, спокојот додека пиете кафе на брегот, набљудувањето на брановите…
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.