Фичо ќе ни покаже подготовка на компири на ловечки начин, во бешамел сос, со павлака и пржена сланина.
Состојки
800 гр. компири
100 гр. сланина
1 чешне лук
40 гр. путер
2 лажици брашно
250 - 300 мл. млеко
100 гр. кисела павлака
малку копар
малку магдонос
сол и црн бибер
Подготовка
Чекор 1: Компирите излупете ги и сварете ги.
Чекор 2: Сланината ситно исецкајте ја и запржете ја на путерот заедно со лукчето. Извадете ја од садот и тргнете ја на страна.
Чекор 3: Во маснотијата во која се пржеше сланината додадете го брашното, пропржете го кратко и додадете го млекото. Мешајте постојано за да не се направат грутчиња во бешамел сосот. Додадете ја павлаката, малку магдонос и зачинете со сол, бибер и малку копар по вкус. Чекор
4: Компирите измешајте ги со сосот и наросете пржена сланина. Сервирајте.
Рецепрот е преземен од moirecepti.mk.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот