Вчера се одржа “Златна Бубамара на популарноста” по 19-ти пат

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Вчера вечер во Метрополис Арената се одржа 19-тото издание на Златна Бубамара на популарноста под мотото “Да се собереме пред да не соберат”, а водителската улога уште еднаш му беше препуштена на Сашко Коцев кој прослави мал јубилеј. Првото обраќање кон публиката го имаше домаќинот на манифестацијата Ранко Петровиќ кој ја додели првата “Златна Бубамара” вечерта. Беа доделени следниве награди:

Златна бубамара на популарноста за трајни вредности доби Игор Џамбазов, наградата за животно дело беше доделена на дуетот Селимова-Желчески, за најпопуларна ТВ серија 5 + Фамилија – ОХО продукција, најпопуларна балканска вокална група – Фрајле, група на годината – ДНК, Пејачка на годината – Тамара Тодевска, албум и концерт на годината повторно Тамара Тодевска.

Tелевизиска забавна емисија “Неделно попладне “,Томато,ТВ емисија на годината – Зевзекманија ТВ Канал 5,Театарска претстава “Мајсторот и Маргарита”, aктерка на годината , Тања Кочовска, aктер, Петар Мирчевски, млад актер на годината ,Жарко Димоски Театар Комедија, а наградата за трајни музички вредности ја доби српскиот бенд Ван Гог.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.