Вашето бебе е посилно отколку што мислите

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Неодамнешните истажувања покажале дека новороденчињата имаат посилен имунолошки систем од она што порано се претпоставувало.

Научниците анализирале примероци од 28 недоносени бебиња и тоа во првата седмица од раѓањето, каде што стигнале до сознание дека Т-лимфоцитите кај бебињата се многу различни од оние на возрасните, но тоа не е од причина што нивниот имунитет е послаб.

Напротив, тие произведуваат силни антибактериски молекули познати како IL8. Наведената молекула досега не се сметала за главен производ на Т-лимфоцитите и не се знаело дека таа ги активира неутрофилите кои го напаѓаат туѓите тела во организмот.

Инаку таканаречените Т-лимфоцити се дел од имунолошкиот систем на човекот и се задолжени за уништување на клетките заразени со вируси и бактерии.

“Новороденчињата имаат вроден антибактериски одбранбен механизам кој е поинаков отколку кај возрасните, но во главно добро ги штити. Ова исто така би можел да биде механизмот со кој фетусот во матката се штити од инфекции во телото на мајката. Следната фаза е да откриеме кои механизми точно ја условуваат разликата помеѓу возрасните луѓе и бебињата”, вели Дина Гибонс од одделението за имунологија при Универзитетот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот