Улична мода во Иран – хиџабот како заштитен знак на модерната жена

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Постојат големи контроверзии кога е во прашање носењето хиџаб во Иран. Медиумите често пати ја опишуваат иранската жена како тажна и немоќна. Според фотографиите објавени на BoredPanda ова сепак не е точен опис на модерната иранска жена.

За да го негира стереотипот дека жените коишто носат хиџаб се слаби и несреќни, Teheran Times објави фотографии од жени сликани на улиците на Иран. Сите тие делуваат гордо додека го носат хиџабот и изгледаат неверојатно убаво.

Инаку, Teheran Times е првиот блог во Техеран кој ја следи уличната мода во градот, а цел му е да ја долови креативноста и стилот на младите ирански жени.

Погледнете ги фотографиите и уживајте во нивниот уникатен стил.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот