Доколку размислувате за нови украси во домот, тогаш тоа нека бидат ароматичните свеќи. Ги има во развлични бои, големини и форми.Можете да ги ставите во украсни чинии, кристални свеќници, стаклени топки. Свеќите се одличен декор за секоја просторија на која сакате да и дадете доза на шарм и романтика.
Ароматичните свеќи освен што ќе му дадат хармонија и пријатен мирис на вашиот дом, тие имаат и позитивно влијание врз вас со моќта на ароматерапијата, а пламенот кој трепери ќе ви даде чувство на бескраен спокој по напорниот и стресен работен ден.
Еве како мирисите на свеќите може да ги употребите во своја полза.
Мирисите на цимет, каранфилче и на бор поволно влијаат врз здравјето и врз расположението.
Освен тоа, мирисот на цимет кај мажите може да делува како афродизијак, а слично дејствува и каранфилчето, кое ослободува од стрес и го отстранува менталниот замор. Мирисот на цимет помага и во борбата против несоницата и емотивната потиштеност.
Едно австриско истражување покажа дека луѓето што уживале во мирисот на портокал или на лаванда биле посмирени, позитивни и помалку нервозни.
Мирисите на јаболко или на банана ја смируваат желбата за прејадување, па ако сакате да ослабите, запалете свеќа која мириса на банана или зелено јаболко веднаш штом ќе почувствувате потреба за јадење.
Мирисот на бор поттикнува и освежува, го бистри умот, а поволно дејствува и на дишните патишта бидејќи ги уништува микроорганизмите.
Мирисот на слаткасти овошја ќе ви ја врати енергијата после напорен тренинг. Затоа, не се двоумете и токму ароматичните свеќе нека добијат почесно место во вашето живеалиште.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.