Често не обрнуваме внимание на некои појави или настани. Но, всушност тие се супер забавни, неверојатни и верувале или не, сосема вистинити.
Црните рози се навистина ретки и можат да се најдат само во Халфети, Турција.
Дури и да е 3.000 години стар, медот уште е добар за консумирање.
Секогаш вдишуваме повеќе воздух преку едната носница и тоа се менува на секои 15 минути.
Во шахот постојат повеќе можни потези отколку атоми во универзумот.
Потребни се 1.200.000 комарци за да можат да ја испијат крвта од еден човек.
Поради екстремниот притисок и екстремните временски услови на Нептун и Уран врнат дијаманти.
Речиси од секоја цврста материја што може да се доведе во течна состојба, може да се направи стакло, доколку во вистински момент започне обработката. Доколку премногу се излади, таа се враќа во претходната состојба.
Граматичко-поправачки синдром е вид на психичка болест каде болните чувствуваат потреба да ги поправат сите граматички грешки кои ќе ги сретнат.
Постои подводен водопад кој се наоѓа на островот Мауритиус во Индискиот океан, а настанал со заедничко лизгање на песокот и водата по работ на карпата која се наоѓа во океанот.
Секоја година Холандија и испраќа 20.000 лалиња на Канада во знак на благодарност за пружената помош за време на Втората Светска војна.
Германските доктори се првите кои претпоставиле дека цигарите предизвикуваат рак, а пак Хитлер е првиот кој отпочнал кампања против цигарите и пушењето.
Ракот, од видот мантис може толку брзо да врти со клештите, што ја загрева водата околу себе и дури може да предизвика молњи светлина.
Ставањето шеќер на рана ќе го намали крварењето и ќе го забрза процесот на заздравување.
Само 1 до 2 проценти од вкупното население на земјината топка е со природна црвена коса.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот