Што значи интолеранција на лактоза за телото

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Интолеранцијата на лактоза кај луѓето станува се популарна како што е случајот и со глутенот…

Имено ова не е болест ниту пак сериозно порементување во огранизмот. Симптомите настануваат кога ќе престанете да конзумирате млечни производи или кога започнувате да ги конзумирате оние без лактоза, а кои ги има се повеќе на пазарот.

Интолеранцијата на латоза настанува кога во тенкото црево не постои ензим лактаза или дигестивниот систем не произведува доволна количина на ензим, кој го разградува шеќерот од млеко во јаглехидрати.
Иако не претставува голема опасност, оваа промена може значително да го намали квалитетот на животот, бидејќи интоларанцијата на лактоза бара дополнителна грижа за исхраната.
На прв поглед изгледа како да проблемите ќе престанат кога ќе претсанете да конзумирате милеко и млечни производи. Меѓутоа тие намирници претставуваат главен извор на калциум и не конзумирање на истите дополнително би го зголемил ризиокот за заболување од болести како- остепороза, хипертензија, намалено внесување на есенцијални нутриенти како протеини и витамн Б2 итн.

Постојат 3 облици на интолеранција на лактоза:

Вродена интолеранција
- Оваа интолеранција се појавува со самото раѓањеа, а последицата е недостаток на ензим лактаза во тенкото цревно;

Стекната интолеранција
- Стекнатата интолранција кон луктозата се јавува во адолесценцијата и зрелоста кога клетките на дигестивниот систем не произведуваат доволно количество на ензим лактоза;

Привремена интолеранција
- Привремен недостиг на лактоза произлегува од оштетување на слузницата на тенкото црево и намалување на неговата функционална област, најчесто кај оние кои имаат или имале инфекција на органите за варење , Предизвикана е од бактерии и вируси.
Ако сте се одлучиле да не конзумирате лактоза знајте дека млечниот шеќер го има и во ферметираните млечни пијалоци, но во помала количина.

Лактозата се наоѓа и во засладувачите во облик на таблети, во 20% од лековите, чокладите и некои месни прехрамбени производи.

Многу од нас се љубители на млеко, а токму млекото содржи најголемо количество на лактоза, а најмалку ја има во полутрврдите и тврди производи.
Меѓутоа технологијата толку многу напредува што денеска има се повеќе производи без лактоза.

Имунолошкиот систем, кога станува збор за алергија на млеко, протеините од млеко ги смета за непријатели, додека нетолеранција на лактоза е проблем на дигестивниот систем без улогата на имунитетот. Кај луѓето кои се нетолерантни на лактоза може да доведе до констипација (запек) .

Доколку оганзимот ви покажува не толранција на лактоза внимавајте при изборот на одредени намирници бидејќи многу од нив сподржат скриена количнина на латоза.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар