Што треба да има една супер жена

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Сите жени на светот се посебни и се нечија инспирација. Секоја жена по нешто знае, умее, во нешто е успешна, во нешто не. Не сите жени имаат исти желби или потреби, но убаво е секоја жена да ги има следниве неколку нешта за да биде баш супер – жена.

Чевли

Ах, љубов на прв поглед… Кога ќе ги здогледаме тие чевли во некој излог со цена два пати поголема од нашата плата… И љубов на секој нареден поглед. Секоја жена мора да има барем еден пар штикли кои ќе бидат прекрасни од една страна, сосем удобни од друга и чевли кои ќе одговараат со сѐ. Чевли кои се одлични за танцување, за пешачење, за состанок…

Чанта

Чантата е важен детаљ кој ја дополнува сликата на женственост. Таа треба да е доволна голема за да го сокрие сите женски тајни за разубавување, но и доволно практична за да не ни излета тампон од нотесот на некој многу важен состанок.

Чадор

Апсолутен додаток за секоја дама како предуслов за совршена коса и на дождливо време.

Очила за сонце

Кријат потечени очи од непроспиена ноќ, го заштитуваат лицето од јаките ултравиолетови зраци, даваат мистериозност на изгледот.

Одличен стоматолог

Затоа што насмевката е многу важна.

Идеален фустан

Тоа е фустанот кој може да се носи и во лето и во зима. Не треба да се пегла. Совршен е кога не напаѓа паника во пет до дванаесет.

Резервни хулахопки

Секогаш и секаде, затоа што нема полоша глетка од жена, фино нашминкана, свежо исфенирана, во скапа облека со скинати хулахопки.

Убав збор за секого

Без разлика каков и бил денот, една супер жена мора да има убав збор на крајот од денот, прегратка и насмевка за сопругот, неколку минути за да се слушне со мајка и, сестра и, свекрвата, најдобрата другарка…

Вкусен рецепт, добро вино и сервис за јадење

Доведете до совршенство еден кулинарски рецепт. Дома, чувајте неколку шишиња добро вино. Послужувајте во комплет сервис за јадење. Проверете дали имате доволно салфетки. Едноставно, без збор кажете им на вашите гости колку сте вешта во кујна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.