Што се случува со ноктите кога ќе ги одморите од маникир

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Одлично се чувствувате кога ноктите ви изгледаат уредно, или пак кога знаете дека следниот маникир се ближи и ќе ја промените бојата на лакот…

Но, ако забалежите дека за кратко време откако ќе направите маникир тој се уништува, тогаш потребно е малку да ги одморите ноктите.

Што се случува со ноктите кога ги одмарате од маникир прочитајте понатаму…

1. Ноктите ќе станат многу поцврсти
Лакот за нокти содржи многу хемикалии и е многу штетен производ. Ацитонот за нокти е исто така супстанца што ги суши ноктите и кожата на прстите.
Бидејќи невозможно е да се направи нов маникир без притоа да се отстрани стариот лак, ноктите постојано се изложени на сушење кое води до лупење и на крај на пукање на ноктите.

2. Ноктите ќе бидат помеки
Ноктите се составени од слоеви на мртов кератун. Кога го отстранувате лакот од ноктите се отстанува и површниот слој заедно со лакот, а ова предизвикува вели флеки и рапавост на ноктите.
Одржувањето на ноктите по природен пат ќе овозможи тие флеки да исчезнат. Покрај тоа ноктите побрзо ќе почнат да растат.

3. Ноктите ќе бидат посветли
Како што виното и кафето ги прават забите пожолти, така и лакот за нокти ги пожолтува ноктите кога често се користи.
Направете пауза и дозволете по природен пат да им се врати бојата.

4. Потребна е редовна хидратација
Штом решите да ги освежите ноктите и да ги оставите без маникир, потребно ќе биде да ги одржувате свежи- хидрирани.
Купете посебно масло за нокти и премачкувајте 2 пати во текот на денот. Исто така постојат и посебни креми за одржување на ноктите што може да ги користите.
5. Сакајте го природниот изглед на ноктите
Меките, сјајни и негувани нокти секогаш добро изгледаат. Оставаат впечаток на педантна и природна личност. Покрај тоа користењето на лак со хранливи состојки ќе им даде нежност и белина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот