Луѓето постат од најразлични причини, некои поради верски, некои за да внимаваат на линијата, за трети тоа е начин на живот…
Марк Метсон од лабораторијата за наука во областа на неврологија при националниот институт Џонс Хопкинс има одговор за прашањето што се случува со нашето тело кога постиме.
Се воспоставило дека постот и ограничувањето на калориите го поттикнуваат растот на нови матични клетки, ја поправаат ДНК-та, го продолжуваат животниот век и ги одложуваат болестите поврзани со стареење, особено Алцхајмеровата болест.
Постот, во комбинација со лековите и терапијата се покажал ефективен и кај третманот против рак. Кога станува збор за мозокот, научниците успеале да докажат дека ги поправа когнитивните функции, ја подобрува отпорноста на стрес и ги неутрализира воспалителните процеси во целото тело.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот