Што се случува со мозокот кога некој ќе ни го скрши срцето?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Губењето на љубовта и раскинувањето на врската го менуваат и хемискиот состав на нашиот мозок. Праќањето на 50 пораки за 5 минути, пиењето алкохол за да преболиме и сите тие лоши одлуки кои ги носиме по прекинот се поврзани со хормоните кои дивеат во организмот, а за нив има научно објаснување.

Да биде иронијата поголема, тие хормони се оние истите кои ни даваат чувство на неверојатна среќа додека се вљубуваме.

Скенирањето со магнетна резонанца покажува дека личностите кои доживуваат љубовна болка имаат поголема активност од вообичаено во делот од мозокот кој ја регистрира физичката болка. Тоа е делот каде што се лачат кортизолот и адреналинот, па доведува до разни физички симптоми како мачнина, тешкотии со дишењето, слабеењето на срцевиот мускул и слично. Вљубувањето е слично на зависноста од наркотици. Кога сте блиски со некого, се активираат невроните за награда во мозокот, а тие го поттикнуваат хормонот на среќата – допаминот.

Според истражувањата, потребно е отрплика 3 месеци за да го преболиме раскинувањето на врската. Зборувањето за проблемот може многу да помогне, а доколку се чуствувате како да полудувате – не грижете се, бидејќи не можете да ја победите биологијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот