Што сакаат децата родителите да прават за нив

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Интересно е што родителите секогаш имаат барања за своите деца како дел од процесот на воспитување. Ги поставуваат како задачи преку кои сметаат дека треба да им помогнат да израснат во вистински луѓе. Но и децата се мали човечиња кои имаат свои желби и побарувања. Истражување направено на група студенти, кои за целта на истото се потсетиле какви биле како мали и што сакале од родители, посебно од мајките ги покажало следниве резултати:

Сакаат да влезете во нивната соба навечер, да ги покриете и да им испеете песна за добра ноќ. Исто така сакаат да им раскажете приказна од реалниот живот, какви сте биле вие на нивна возраст.

Сакаат да ги гушкате и да зборувате со нив без да гледате на часовникот. Да ги бакнувате постојано и да им кажувате дека ги сакате.

Да поминете време со секое дете поединечно да му се посветите целосно.

Секогаш да им посочувате што е здраво да се јаде без разлика што негираат и одбиваат. Сакаат кога вие знаете што е најдобро за нив.

Вклучете ги во вашите обврски, гответе заедно, правете колчиња, нека ви прават фризури и слично.

Во вечерните часови зборувајте со нив за училиште, за хоби, за љубов за животот…

Гледајте ги омилените ТВ серии под ќебе во дневната соба, стуткани.

Дозволете им да останат надвор подолго отколку што сте рекле.

Искарајте ги и воведете дисциплинска мерка ако погрешиле. Звучи чудно, но тие сакаат кога се грижите за нивно добро.

Секое утро оставајте специјални пораки само за нив, полни со емоции, љубов и поддршка.

Ако веќе ги правите овие работи, во тој случај децата ќе ви бидат благодарни. Можеби нема да изгледа така во првиот момент, но со текот на годините и тие ќе ја разберат поентата и целта на постапките, што ќе влијае позитивно на нивната среќа. А нема ништо поважно на светот од среќата на сопственото дете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.