Велат дека е добро да се преспие пред да се донесе голема одлука во животот. Тоа би требало да помогне информациите да ‘легнат’, за да може објективно да се доживеат.
Ако одлуките се носат на овој начин, тогаш и креативноста е поголема, а луѓето се помалку склони кон емоционални реакции и ризици.
Дали е така?
Секако дека не! Inc.com објави резултати на едно ново истражување кое покажува дека ваквата постапка нема некое големо влијание на одлуките и решението следниот ден.
Спротивно на општото верување, учесниците во студијата изјавиле дека следниот ден се дури помалку сигурни од претходниот, дека почнуваат да се колебаат во одлуките.
Докажано е дека се троши многу повеќе енергија на изборот помеѓу две опции каде нема многу разлика. Попусто се троши енергија на тоа и се создава впечаток дека ако се направи погрешниот избор ќе има фатални последици.
Конкретно, испитаниците морале да бираат помеѓу 4 торби за лаптоп, сите слични по квалитет меѓу себе, но со различни предности.
Луѓето во првата група можеле веднаш да изберат една од понудените торби, а потоа добиле задача да ја ‘преспијат’ одлуката.
Другата група била замолена да почека 12 часа пред да одбере што ќе земе. Притоа, не им било нагласено дека мораат да ја ‘преспијат’ одлуката.
Следниот ден, истражувачите ги прашале двете групи дали се сигурни во одлуката. Се покажало дека испитаниците од втората група се помалку сигурни во својот избор, за разлика од другите кои веќе одбрале.
Заклучокот е следен: верувањето дека секоја одлука во животот мора да се ‘преспие’ не е од голема полза бидејќи во ниту еден случај не го олеснува изборот, туку може да го направи потежок.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.