Пријателството е посебна љубов меѓу двајца луѓе која бара посвета и компромис, впрочем како и секоја друга форма на љубов. Се создава цел еден живот, а потребен е само еден миг за да се растури.
Човек не може да живее без пријатели, оти чувството на осаменост ќе го направи животот невозможен.
Ние решивме да ве потсетиме на најубавите мисли кои го глорифицираат пријателството.
“Ниту едно пријателство не се случува случајно”
“Да чекориш со пријателот во темнина, е подобро отколку да чекориш сам на светлина”
“Пријател ти е оној кој знае каде се си бил во животот, разбира зошто си го направил тоа, го прифаќа тоа што си станал, а сепак ти дозволува да растеш и понатаму”
“Секој може да сочувствува со трагедијата на пријателот, но тешко е да се слави неговиот успех”
“Што е подобро од пријател? Пријател со чоколадо за тебе”
“Немој да одиш зад мене, можеби нема да знам да те водам, немој да одиш пред мене, можеби нема да знам да те следам. Оди до мене и биди мој пријател.”
“Најдобриот одраз на тоа што си станал е пријател од минатото”
“Пријател со сите, е пријател на никого”
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот