Првиот услов за успех на тимот е сигурноста, што значи дека членовите на тимот треба да се чувствуваат слободни кога ќе сакаат да споделат некоја информација или нова идеја.
Дека тимската работа е од круцијално значење е познат факт. А што точно прави една екипа да биде одлична во работата, потврдија истражувачите од Гугл. Компанијата интервјуирала стотина вработени и го анализирала начинот на функционирање на 180 тимови за период од две години, со цел да го откријат рецептот за успех.
Првиот услов е сигурност и удобност да се каже што се има на ум без да се плашат дека некој ќе им се потсмева за идејата или ќе им рече дека се неспособни. Ако се чувствуваат сигурни, на вработените ќе им биде полесно да ги признаат своите грешки, а во колегите ќе гледаат соработници наместо потенцијални непријатели.
Доверба е уште услов кој подразбира дека работата треба да се заврши на време и на ниво на организационите потреби. Добар тим мора да има структура во која секој член мора да знае што е неговата работа, план и цел.
Последните два услова се значењето и влијанието, што подразбира дека вработените мора да веруваат дека тоа што го прават има смисла. Како што велат истражувачите, социјалниот аспект на работата е многу важен, бидејќи луѓето често доаѓаат до точка кога парите не им доволна мотивација, туку има треба нешто повеќе.
Вака некако изгледа рецептот за успех според истражувањето на една од најуспешните светски компании.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот