6 производи за кои не сте знаеле дека содржат глутен

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Доколку не сте љубител на глутенот или го избегнувате заради здравствени причини, треба да знаете дека има некои производи кои содржат глутен, а ние не сме свесни.

1.Зачини

Постојат две причини зошто зачините како куркума, кари во прав, пипер и цимет може да содржат глутен – или се контаминирани во фабриката или производителот додал малку пченица за да спречи создавање на грутки.

2.Соја сос

Сојата се обарува, ферментира и мора да отстои некое време пред да се употреби во сосот. Истиот најчесто доаѓа со додаток на пченица и засладувач.

3.Алкохол

Овде влегуваат пивото, вискито, бурбонот и ракијата.

4.Преработено месо

Иако месниот нарезок, колбасите и виршлите не би требало да се проблематични сами по себе, тие лесно се контаминираат при производството, или содржат додатоци на база на пченица.

 

5.Пржена храна

Не влегува целата палета на пржена храна, туку само онаа што се потопува во јајца, брашно и лебни трошки.

6.Чоколадо

Најголем дел од чоколадите се безбедени за консумација. Но има и такви кои содржат крцкави парчиња или боја која може да содржи глутен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.