За љубовта е потребна храброст, а на мажите тоа понекогаш потешко им паѓа отколку на жените. Кога човек ќе се заљуби, не ја зема предвид и тагата која би можел да ја преживее бидејќи дава се од себе таа љубов да ја сочува. Со оглед на разликата во машко-женските размислувања и постапки кога е во прашање љубовта, поради подобро разбирање, ви донесуваме 6 причини поради кои мажите најчесто ги оставаат жените што ги сакаат.
- Смета дека таа се обидува да го промени
Кога човекот чувствува дека нешто му недостасува во љубовта, почнува да бара излез. Жените често пати ги перципираат мажите како свои мали проекти во кои треба да се вложи многу труд. Алберт Ајнштајн многу одамна рекол: “Мажите се женат со жената во надеж дека жената никогаш нема да се промени, а жените се мажат за мажот во надеж дека тој ќе се промени“.
Во овој случај, двете страни се разочарни. Луѓето во суштина не се менуваат затоа што тоа од нив некој го бара. Сами мораат да откријат кои се и после тоа можат да растат и созреваат со помош на љубовта и поддршката од партнерот.
- Го загрозува нејзиниот успех
Во истражувањата спроведени на Универзитетот во Флорида, мажите доживеала голем удар на егото кога партнерките доживеала успех, дури и кога не се во директна конкуренција. Женскиот успех исто така негативно влијае на мажот кога тој ја разгледува иднината на односите. Ако мажот не е во состојба да го постигне нивото на успех на својата жена, често пати ја напушта.
- Му пречат постојаните приговарања
Мажите можат да послушаат совет, но, не и постојаните приговори. Тоа го сфаќаат как облик на омаловажување. Понекогаш мажите се однесуваат како деца, но, сепак се возразни луѓе кои не толерираат некој постојано да им зборува над лгава. Приговарањето е облик на негативна навика која мажите ја игнорираат и оизбегнуваат. Односот тогаш станува пасивно-агресивен, што не е здраво за никого. На мажите најмалку секси им е женското приговарање.
- Го мачи недостаткот на интимност
Верувале или не, мажите посакуваат интимност исто како и жените. Ако мажот мора да моли за секс, многу веројатно е дека после извесно време ќе го побара на друго место. Нема предлог време да остане на едно место со жената која не сака да учествува во важните аспекти од неговиот живот. Човек се заљубува од многу причини, но, исто така постојат и многу работи кои можат да го одбијат.
- Постојано го споредува со другите
Нема ништо помалку неугодно отколку кога жената го споредува мажот со бившите. Кога жената ќе почне да прави такви споредби, тоа е почеток на крајот. Мажите не сакаат да го анализираат минатото на партнерката.
Човек, било да е маж или жена, сака да верува дека е единствен битен во тој момент. Не сака да чуе дека претходниот љубовник би направил ова или она. Сака да знае дека она што го прави е доволно.
- Емоционално е зависна
На мажите им треба простор и не сакаат да бидат поседувани. На мажите, како и жените, им требаат пријатели. Не сакаат да се чувствуаат како дадилки. Ако мажот ја изгуби својата слобода, ќе се чувствува како во затвор и ќе си замине. Здравиот однос подразбира двете страни да имаат пријатели и хобија.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.