Се ближи времето за доделување на најпрестижната филмска награда, Оскарите. И на огромно изненадување, најголемиот претендент за оваа награда е филмски мјузикл, „Ла Ла Ленд“ со дури 14 номинации.
Но, знаете ли дека дури седум филмови кои се во трката за Оскар, се инспирирани од одлични книги? Секако, мора да ги прочитате за да дознаете дали е книгата подобра од филмот, како што вообичаенo се случува, и затоа ви ги претставуваме, заедно со категориите во кои се номинирани.
„Hidden Figures: The American Dream and the Untold Story of the Black Women Mathematicians Who Helped Win the Space Race“ од Марго Ли
Оваа книга претворена во филм ја раскажува приказната за жена математичар која била фасцинирана со вселената долго пред Нил Армстронг да стапне на месечината.
Филмот е номиниран за Најдобар филм, Најдобра актерка во споредна улога и Најдобро адаптирано сценарио.
„Fences“ од Август Вилсон
Оваа емотивна драма веќе освои и Тони награда и Пулицерова награда, а номинацијата за Оскар е подеднакво голема. Всушност, филмот е номиниран во три категории: Најдобар актер, Најдобар филм, Најдобра актерка во споредна улога и Најдобро адаптирано сценарио.
„Stories of Your Life and Others“ од Тед Ченг
Можеби ве разочара филмот “Arrival“, но тоа не значи дека не треба да ја прочитате книгата што го инспирираше неговото создавање. Всушност, по читањето на книгата подобро ќе го разберете филмот кој е номиниран за Најдобар филм, Најдобра режија, Најдобро адаптирано сценарио, Најдобра кинематографија, Најдобра монтажа, Најдобра продукција и Најдобар звук.
„A Long Way Home: A Memoir“ од Сарао Брирли
Никогаш не ја потценувајте моќта на технологијата. Сарао Брирли се изгубил во воз во Индија кога имал пет години и откако поминал години и години одвоен од семејството, си го нашол патот дома преку Google Earth. Филмски, оваа приказна е прераскажана во филмот „Lion“. Номиниран е за Најдобар филм, Најдобар актер во споредна улога, Најдобра актерка во споредна улога, Најдобра оригинална музика, Најдобро адаптирано сценарио и Најдобра кинематографија.
„Florence Foster Jenkins: The Life of the World’s Worst Opera Singer“ од Дерил В. Булок
Иако ја сметале за најлошата оперска пејачка на светот, Флоренс Фостер Џенкинс успеал да настапи дури и во престижниот Карнеги Хол во Њујорк. Оваа биографска приказна е преточена во книга, книгата е адаптирана во филм, а Мерил Стрип за оваа улога е по 20 пат номинирана за Оскар. Освен ова, филмот е номиниран и за Најдобрар дизајн на костуми.
„Tony and Susan“ на Остин Рајт
Помеѓу темниот заплет во книгата и одличната изведба на Ејми Адамс и Џејк Гиленхал, светот го виде филмот „Nocturnal Animals“ на Том Форд. Иако филмот не е директна адаптација на книгата, сепак оттука потекнува целата инспирација. Филмот е номиниран за наградата Најдобра споредна машка улога.
„Desmond Doss Conscientious Objector: The Story of an Unlikely Hero“ од Франсис М. Дос
Неконвенционалната воена приказна на Мел Гибсон, „Hacksaw Ridge“ е приказна за Дезмонд Дос, лекар кој спасил 75 луѓе во текот на Втората Светка војна. Книгата ја напишала неговата втора жена Френсис. Филмот е номиниран во категориите Најдобар филм, Најдобар актер, Најдобра режија, најдобро едитирање на филм, Најдобар микс на звук и Најдобро уредување на звук.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот