Седум места во Њујорк, во минатото и денес

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Со појавата на големата депресија, 1930-те години стануваат многу тешки за Њујорк и неговите граѓани.

Сепак, кога би се споредила структурата на градот од тоа време со оваа денес, може да се види дека нема голема разлика. Улиците секогаш биле пренатрупани, линиите на метрото функционирале, а луѓето ги исполнувале иконските градби од тоа време кои и ден денес постојат.
Ова се дел од тие градби. Интересно е да се види колку работите се измениле со текот на времето-и во исто време, колку се останати исти.

Во 1935 година, на Вашингтон Сквер Парк му е додадена еднонасочна, кружна патека со цел да се ослободи густиот сообраќај. Со оваа промена, улиците околу паркот се проширени, а со тоа пешаците се приморани да пројдат низ голема концентрација на коли за да стигнат до паркот.

Денес паркот има голема пешачка зона, и со тоа пешаците немаат потреба да минуваат низ густ сообраќај. Тој служи денес како собиралиште на локалните жители, рекреативни играчи на шах, студенти, и туристи од целиот свет.

Емпаер Стејт Билдинг е изградена во 1931 година. За време на завршувањето со изградба, била 102 спрата и 381 метар висока, што ја правело највисока зграда во светот.

Денес, не е веќе највисока зграда во светот. Меѓутоа, зградата е осветлена и според приликите, таа свети во различни бои.

Хералд Сквер бил центар на новинарската индустрија, шопинг, и линиите на метрото во 1930 година. Продолжената линија на шестата авенија, која можете да ја видите на фотографијата, е изградена во 1870 година но уништена во 1939 година, само неколку години откако е направена оваа фотографија. Потоа е заменета со подземна железница.

Денес Хералд Сквер е сеуште популарно место за шопинг, јадење, и многу други настани.

Уличните часовници како овој на сликата, се расфрлани низ цел Њујорк. Тие обично биле во сопственост на бизнисмените пред чии продавници се наоѓале овие часовници. Со селење на бизнисот се селеле и часовниците.

Овој златен часовник кој се наоѓа на петтата авенија, сеуште стои и денес. Иако, раскрсницата денес изгледа малку по раздвижена.

Во 1930 година, Медисон Сквер Парк бил место каде што луѓето можеле да се прошетаат и да им се воодушевуваат на високите згради околу него.

Денес, паркот има популарни ресторани, дури и игралиште за деца. Исто денес има и голем број на уметнички дела во паркот, од уметници како што е Бил Берн, Џим Кембел, Марк Ди Суверо, и многу други.

Салмагунди клубот, основан во 1871 година, е една од најстарите уметнички организации во Обединетите Американски Држави. Лоциран е на петтата авенија, близу до аголот на петтата авенија и 12 улица.

Денес, клубот нуди уметнички курсеви, изложби, ликовни демонстрации и уметнички аукции. Поседува колекција од 1.500 уметнички дела од своето 140-годишно постоење, и може да се пофали со членство на 850 уметници и патрони.

Со своето отворање во 1910 година, Пен Станицата предизвикала масовно воодушевување со својата прекрасна архитектура кај минувачите. Во 1930 година, прекрасниот ентериер бил сеуште во првобитна состојба.

После тоа, ентериерот е комплетно сменет. Во 1962 година, објавени се планови за рушење, за да се изгради Медисон Сквер Гарден, и со тоа драстичното редизајнирање започнува. Денес, е сеуште голем патнички центар полн со линии за метро и патнички линии-само, помалку гламурозен. Моментално во план е да се реновира и прошири станицата, како би го вратила стариот сјај.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.