Се плашите ли од грмотевици?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Многумина затреперуваат од страв кога за време на грмотевици ќе чујат тресок на гром. Нивниот страв е без причинa бидејки во моментот кога се слуша громот ударот на електрицитетот што го предизвикал е завршен. Громот се слуша по блесокот на молњата, само затоа што звукот патува многу побавно од светлината.

Дали треба да се плашите од гром? Вистина е тој може да предизвика штета, а понекогаш и да убие, но тоа се случува ретко.

Громот е форма на електрицитет и затоа може да биде опасен. Таа е огромна искра на електрицитет што се гледа како блесок од светлина, молња. Таа искра може да светне помеѓу два облака, да скокне од облакот на земјата и обратно.

Во секој случај, доколку имате панични напади од грмотевици, најдобро би било да бидете дома кога ќе има невреме. Дококу пак се случи да бидете затекнати на отворено засолнете на суво додека помине неверемето, а потоа тргнете дома.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот