Се отвори LITTLE BOX – SHOP&WINE во Скопје

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Резиденцијалниот објект Парк Резиденс вчера официјално се збогати со уште една нова содржина. Во склоп на објектот од денеска сите посетители ќе можат да уживаат на уште едно ново место, кое како концепт за прв пат се отвора во Скопје.

Посетителите на Little Box – Shop & Wine, ќе можат да ги дегустираат речиси сите вина од македонско потекло, како и вина од странскиот пазар, во прилог со уникатни деликатеси. Ова уникатно катче ви нуди можност за дегустација, организирани настани, прослави или пак од ова место со препорака од стручни лица ќе можете да купите вино по ваш вкус.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот