Русите и Кинезите развиваат авион со кој им се „закануваат“ на Боинг и на Ербас

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Кина и Русија ќе инвестираат до 20 милијарди долари за развој на млазен авион за долги релации, со што Пекинг и Москва се обидуваат да се најдат рамо до рамо со Боинг и Ербас.

Овој исклучително амбициозен план го договориле Комерцијалната авио корпорација на Кина (COMAC) и руската Обединета авио корпорација (UAC), која го произведува Сухој Суперџет 100, и тоа уште во јуни оваа година, кога рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со својот кинески колега Сји Џинпингом во Пекинг.

Нивната идеја е да се развие авион со широко тело со 280 седишта за летови кои би минувале барем 12.000 километри од една до друга дестинација. Се смета дека овој авион ќе биде директен конкурент на Боинг 787 и моделот А350 на Ербас.

Проектот е во вредност меѓу 13 и 20 милијарди долари, пари кои ќе бидат финансирани од двете страни со по 50 отсто.

Што да кажеме освен дека со нетрпение го очекуваме новиот авион.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.