Португалската престолнина е град кој не можете да го доживеете само на поминување. Ако веќе патувате кон Португалија, одвојте барем два – три дена за да го доживеете шармот на Лисабон.
Возете се со трамвај
Истражувањето на Лисабон со забавено темпо е најдобриот начин за да уживате во неговите волшебни пејсажи. Возењето со трамвај ќе ви овозможи најдобар пристао до гратските знаменитости и атракции.
Поминете некое време во центарот на градот
Дом Педро Палас е луксузен хотел сместен во непосредно близина на гратскиот плоштад. Доколку отседнувате во овој хотел, побарајте соба со поглед на реката Тејо. Хотелот не е оддалечен од важните атракции, па нема да пропуштите ништо и секаде ќе може да пристегнете пеш. Центарот на Лисабон е шарматнта приказна каде на совршен начин ќе го чуете срцебиењето на Лисабон и ќе уживате во секоја голтка од убавините.
Испробајте ја храната
Артичокоте се главна атракција на лисабонските ресторани и ги има речиси во сите оброци кои се нудат во рестораните. Не смеете да ја пропуштите ниту славната пекара Fábrica de Pastéis de Belém која работи од далечната 1837 година и која е неизоставно место за туристите. Пекарата ги нуди највксуните печива на светот, а дневно произведува од 20.000 до 50.000 печива, колачи и кифли.
Разгледајте ја архитектурата
Секоја улица во Лисабон има своја посебна енергија и уникатна сценографија. Посететe го стариот дел на градот, кој е тивок и ќе ве освои со старата и магична архитектура.
Уживајте во панорамскиот поглед
И за крај, никако не смеете да го пропуштите најбавиот поглед ка стрмниот Лисабон. Искачете се до Miradouro de Santa Luzia, највисокиот рид на градот и уживајте во панорамскиот поглед на еден од најубавите градови во светот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.