Работи кои ќе ги разберете само ако сте работеле во градинка

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Што е заедничко на учителките во градинките, освен тоа што се грижат за дечињата и заедно го почнуваат процесот на образование?

Следниве работи:

-Ја сфаќате љубовта кон лего коцките - без разлика што најголем дел од нив се изџвакани, скршени или пак лепливи од храна и други состојки.

-Имате шанса за мал одмор од 5 минути и една бисквита ако имате среќа.

-Не вие чудно да бришете превртена манџа на тепихот од занималната или малите маси, седејќи на минијатурно столче.

-Ако еднаш сте работеле во градника со мали дечиња, никогаш нема да можете да ги употребувате вистинските термини за предметите околу вас.Секогаш ќе ги кажувате во посимпатична и попристапна форма.

-Секогаш ви доаѓа за ја избришете устата на тој до вас или пак носот ако е растечен, чисто заради грижа.

-Станувате одлично имитирање на различни гласови. Читајќи ги сите оние книги за деца и потребата да ги направите поинтересни ликовите заради анимација на децата, ви влегло во навика.

-Секогаш кога има празници како Божиќ и Нова Година, некакви приредби, вие со денови потоа не можете да ги извадите сјајот и светските во косата.

-Само заради тоа што децата си заминуваат во 16:30 тоа не значи дека и вие си одите. Таму сте сигурно до 6 попладне.

-Ниту едно ново име на дете не може да ве изненади, дури ако се вика Исток.

-Децата го прават тоа што вие ќе им го кажете само 4% од времето. Останатото е оставено на вашето трпение.

Се препознавте некаде?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот