Вечерва со почеток од 21 часот, на Школка во Градски парк, Македонска филхармонија и Младински културен центар, го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу!“
Настан кој нема да остави никого рамнодушен, сите најголеми хитови на оваа култа група под отворено небо и во неверојатна атмосфера.
Настапуваат: „QUEEN REAL TRIBUTE“, оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет под диригентство на Милош Јовановиќ (Србија).
Еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња.
„QUEEN REAL TRIBUTE“ во состав: Иван Ристановиќ - вокал; Ненад Бојковиќ - гитара; Иван Дерфи - бас; Радош Чапин - тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.