Стефани Курлов е 14-сет годишна девоjче од Сиднеј, Австралија, чиј сон е да стане професионална танчерка.
Како што пренесува Huffington Post, Стефани, која е на танцува од 2 години, морала да прекине со балетот откако пред 6 години заедно со нејзиното семејство ја примиле муслиманската вера. Вели дека причината за тоа било што во местото каде што живее, не можела да најде училиште за танц кое ќе прифати таа да носи хиџаб на час.
За среќа, денес оваа млада девојка повторно вежба и танцува за да станe првата муслиманска хиџаб балерина во светот. Таа е креатор на кампањата LaunchGood со цел да собере пари за тутор и останати надоместоци за балетското училиште. Нејзината крајна цел е еден да отвори сопствено училиште каде ќе има деца и тинејџери од различни раси и религии.
Со самото тоа што е првата балерина со хиџаб, се надева дека ќе инспирира и многу други луѓе да ги следат своите соништа и да не се плашат.
Иако на почетокот добивала негативни коментари од исламските следбеници дека танцот е срамен и забранет, тоа не ја спречило да продложи да танцува и да ги става видеата на интернет за да можат сите да ја видат.
Таа изјвила дека хиџбот е многу важен за неа бидејќи е дел од нејзината личност, и ја претставува религијата на која припаѓа и која ја сака.
“Ако луѓето имаат право да се соблекуваат пред јавноста, тогаш јас имам право да се облекувам” - вели Стефани Курлов за австралиските медиуми.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.