Камерниот оркестар на Битола, кој работи под патронство на НУ центар за култура, вечер ќе го одржи својот прв годинешен концерт „Под Московските вечери“.
Се рабори за целовечерен концерт на руски композитори и романси кој ќе биде изведен под диригентската палка на Алесандро Д’Агостини на кого ова му е второ гостување и настап со овој оркестар, а на него ќе настапат Марјан Николовски-тенор, Наде Талевска-сопран и Драган Микаровски-баритон.
Камерниот оркестар на Битола се очекува годинава да настапи и на затворањето на „Скопско Лето“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот