Ако не сте сигурни дали сте во здрав однос, секако обратетe внимание на овиe знаци кои упатуваат дека сте во добра врска со личноста што ви одговара.
Вашата комуникација е многу добра
Чувствувате потполна слобода. Здравата врска е онаа во која се чувствувате целосно слободни и кога на другата страна и верувате во целост.
Слободата е клучна за понатамошниот развој на поединецот. Вo врската морате да го задржите интересот за другите активности и да продолжите со остварување на сопствените цели.
Двете страни придонесуваат во иста мерка
Ако чувствувате дека подеднакво придонесувате за односот, тогаш можете да бидете сигурни дека тој однос е здрав. Не морате нужно да придонесувате на истите полиња, но, важно е подеднакво да учествувате во сите одлуки. На пример, едниот може да учествува со поголем дел во финасиите, а другиот по прашањето на емоционалната сигурност.
Развивате интимност преку низа различни начини
Сексот не би смеел да биде единствен начин на поврзување. Во одност со партнерот мораат да бидат присутни допири кои не се сексуални, како на пример топли и убави зборови, насмевка и интимни моменти кои не можете да ги делите со кого било.
Партнерот обраќа внимание на вашите потреби
Морате да му ги доверите своите потреби. Тој треба да разбере што сакате, што ви е нужно и потоа да најде начин како да ви помогне да го исполните тоа што го сакате.
Се карате на чесен начин
Секој пат кога се карате партнерот ве слуша и обраќа внимание на она што го кажувате. Двајцата имате прилика да го кажете тоа што го мислите и да ја објасните својата страна. Потоа секоја страна може да го објасни своето гледиште и така ќе можете да ги развивате решенијата кои ќе ги задоволат потребите и желбите на двете страни.
Тој покажува интерес за вашиот живот
Партнерот активно покажува внимание и интерес за сите ваши активности. Тој интерес е искретн и вие секој пат тоа го забележувате. Без оглед на тоа што можеби се бавите со активности кои на партнерот не му се особени интересни, тој ви подарува внимание затпа што знае дека тоа ве усреќува.
Превземате одговорност за своите грешки
Во секој однос може да се погреши. Важно е да се признаат тие грешки и да се превземе одговорноста за своето однесување. Секој пат кога ќе го повредите вашиот партнер, морате да ја сфатите својата грешка и да признаете.
Се усреќувате еден со друг
Кога се во здрава врска, тогаш ќе направите се да го расположите и усреќите вашиот партнер. Ќе го охрабрувате, ќе му дадете до знаење дека ги цените неговите добри страни и ќе му помогнете во решавањето на неговите проблеми. Среќата на вашиот партнер станува и ваша среќа.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.